x

Samsung има решение за проблемите со Galaxy Fold дисплејот!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 12 Мај, 2019 од GSM.mk

Веќе неколку години се зборуваше дека Samsung подготвува нов смартфон со дисплеј на преклопување, но откако беше претставен испадна дека е вистинско разочарување..

По неколку години истражување и подготвување, оваа година Samsung конечно го претстави смартфонот на преклопување - Galaxy Fold. Според компанијата, уредот требаше да издржи до 5 години при редовно користење, базирано на направените тестови при неговото производство.

За жал, луѓето не се исти како роботи, што веднаш стана јасно откако неколку Galaxy Fold уреди доживеаа катастрофална штета само неколку дена откако ги добија нивните сопственици. Имено, нивниот дисплеј веднаш почна да доживува низа проблеми - почна да се крши, превиткува и целосно да прекине да работи.

Но, сепак постојат голем дел од фановите кои сеуште ги немаат добиено своите уреди, само нарачано, бидејќи компанијата имаше проблем со бројот на произведени единици од самиот почеток. Пред да го променат своето мислење или да чекаат Samsung автоматски да ја откаже нивната нарачка пред 31 мај, важно е корисниците да знаат дека компанијата веќе најде решение на проблемот со дисплејот и работи на него.

Samsung is close to solving Galaxy Fold issues, but there's still no new release date to share

При голем број анализи, компанијата открила каде е проблемот и кои се деловите кои го предизвикуваат и во моментот работи на "производството на поиздржливи панели" кои нема да предизвикуваат никакви проблеми во иднина.

Што мислите, дали е можеби доцна за Samsung да го реши проблемот со долгоочекуваниот Galaxy Fold?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.