x

Samsung J2 Pro: Смартфон за оние кои сакаат да избегаат од интернетот

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Април, 2018 од GSM.mk

Без интернет поврзаност, не би можеле да го користите пребарувачот на вашиот телефон и поголемиот дел од апликациите. Но, верувале или не, сеуште има луѓе кои сакаат смартфон кој неможе да се поврзе со интернетот..

Samsung J2 Pro доаѓа со 5 инчен дисплеј и резолуција од 540 x 960 пиксели. Станува збор за мини уред, со 1.5GB RAM и 16GB меморија. Камерите се од 8 и 5 мегапиксели, а батеријата е од 2600mAh. 

Покрај фактот што неможе да се поврзе на интернет, Samsung J2 Pro е корисен за повици и праќање пораки. Со цена од 190 долари, J2 Pro е одличен смартфон за деца, доколку сте родител кој е загрижен за нивната конекција со онлајн светот. 

За жал, уредот најверојатно ќе биде достапен само во Кореја. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.