x

Samsung ќе ги оневозможи сите функции за користење на Galaxy Note 7

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 19 Мај, 2017 од GSM.mk

Samsung изјави дека целта на новиот update за Galaxy Note 7 ќе биде "елиминирање на нивната способност да работат како мобилни уреди".

Новиот update ќе биде пуштен на 19 декември во Америка. Со него ќе биде оневозможено полнењето на Note 7 уредите и било какво нивно користење. Компанијата изјави дека поголемиот број од смартфоните веќе се заменети и бројот на единици кои сеуште се користат е многу мал. Поточно, 93% од телефоните во Америка веќе се вратени и заменети. И покрај тоа, Verizon нема да учевствува во ваквиот потег и уредите купени од овој оператор ќе продолжат да работат. 

Сличен Note 7 update ќе биде пуштен и во Канада, а во Австралија веќе постои. Со ваквиот потег, Samsung сака сите смартфони да бидат заменети и целосно да исчезне Note 7, иако некои оператори ќе продолжат со негово користење.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.