x

Samsung ќе го решава проблемот со црвените дисплеи преку софтверски апдејт

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 25 Април, 2017 од GSM.mk

Добра вест за корисниците на Samsung Galaxy S8: има решение за црвените дисплеи.

Откако имаше поплаки од корисниците дека дисплејот на новиот смартфон станува црвеникав, Samsung планира да го реши овој проблем со софтверски апдејт.

Проблемот со дисплеите стана јавен во почетокот на месецот кога неколку муштерии кои го имале предвремено нарачано телефонот во Јужна Кореја почнаа да објавуваат фотографии со поплаки на социјалните мрежи.

Компанијата првично понуди мануелно решавање на проблемот, но кога се покажа дека постапката не делува кај сите уреди, реши да преземе поконкретни чекори и да го реши проблемот дома.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.