x

Samsung ќе позајми една важна функција од Apple Watch за Apple Watch!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 10 Јули, 2019 од GSM.mk

Додека смартфон пазарот стагнира поради недостаток на иновации, паметни часовници стануваат се попопуларни..

Иако Apple не беше првата компанија која претстави ваков уред, сепак паметните часовници на компанијата беа заслужни за претставување на голем дел од корисните функции поради кои корисниците ги сакаат овие смартфон додатоци. По претставувањето на Apple Watch Series 3, овие уреди буквално почнаа да го спасуваат животот на своите сопственици. За сето тоа најзаслужна беше ECG апликацијата. По успехот на паметните часовници на Apple, останатите компании постојано се обидуваат да постигнат ист успех, почнувајќи од Samsung.

Наскоро, Samsung планира да ја претстави Galaxy Watch Active 2 серијата, која ќе доаѓа со една важна функција која ја имаат уредите на Apple. Се разбира, Apple не беше првата компанија која ја искористи оваа ECG технологија, но дефинитивно беше заслужна за зголемување на нејзината популарност. 

Со претставувањето на новите паметни часовници, ECG функцијата ќе биде достапна и компатибилна и со iOS и со Android уредите. На овој начин корисниците ќе бидат свесни за своето здравје во секој момент и ќе бидат известени доколку имаат сериозни проблеми со срцето. 

Иако Galaxy Watch Active серијата беше претставена пред само неколку месеци, Samsung веќе работи на новите уреди. Во однос на дизајнот, Watch Active 2 уредите ќе имаат исти големини од 40 и 44mm, ќе нудат LTE конекција, нема да имаат ротирачка рамка, а батериите ќе бидат со капацитет од 237 и 340mAh.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.