x

Samsung ќе претстави Mini Galaxy S9 Plus со iPhone X камери

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 13 Април, 2018 од GSM.mk

Samsung често претставува чудни варијанти од своите популарни уреди на кинескиот пазар. Овој пат, станува збор за нова верзија на Galaxy S9..

Наводно, компанијата припрема Galaxy S9 верзија со дуалниот систем камери на S9+, кој ќе бидат сместени како камерите на iPhone X - во горниот лев агол на задната страна. Освен оваа промена, уредот ги има истите спецификации како S9, истите димензии, па дури и истата тежина. 

Интересно е што S9+ Mini ќе доаѓа во две верзии, со 4 и 6GB RAM. За жал, бидејќи димензиите на уредот се како оние на обичниот S9, во внатрешноста се наоѓа батерија од 3000mAh. 

Сега за сега, Samsung планира да го претстави уредот во Кина, но кога и колку чини не е познато. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.