x

Samsung ќе претстави нова Email Plus апликација!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 07 Јули, 2019 од GSM.mk

Изгледа дека Samsung планира да претстави нова и корисна апликација за своите Android корисници..

Пред неколку месеци, на голем дел од Samsung корисниците им стигна mail од Google дека email апликацијата на Samsung е од непозната компанија која има пристап до нивните Gmail профили. Во пораката истотака беше нагласено дека истата компанија може да чита, праќа и брише пораки од нивниот профил доколку сака. И покрај тоа што Samsung изјави дека станува збор за грешка која ќе биде решена со update, јужнокорејската компанија сепак реши да претстави своја апликација за е-пошта.

Android корисниците ќе добијат нова, “Email Plus”, апликација која е подготвена од страна на Samsung. Иако не се знае точниот датум на претставување на апликацијата, најверојатно Galaxy Note 10 ќе биде првиот уред кој ќе доаѓа со неа. 

Бидејќи ќе биде достапна во Google Play Store, сите Android уреди кои се креирани од јужнокорејската компанија ќе може да ја симнат.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.