x

Samsung ќе претстави смартфон од средната класа со 5G технологија!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 22 Јуни, 2019 од GSM.mk

По неколку неуспешни години, Samsung конечно успеа да ги оживее своите уреди од средната класа..

Покрај тоа што ги промени имињата на сериите од средна класа и ги прошири, Samsung почна да применува и премиум дизајн, како и неколку напредни технологии за нив.

Како што кажува самото име, A80 е еден од најнапредните уреди од средна класа на Samsung, кој доаѓа со дизајн без рамки, "Нов Infinity Display" и прилично моќни камери. Додека A80 се очекува да доаѓа со камера на лизгање, A90 ќе вклучува сосема друга и уште понапредна технологија.

Имено, Galaxy A90 ќе доаѓа со 5G технологија и цена од околу 700 долари. Од фотографиите кои се појавија се забележува систем од три камери на задната страна. Од нив, главната ќе биде од 32 мегапиксели, придружена од втора со 8 мегапиксели и трет сензор од 5 мегапиксели.

Од друга страна, A80 ќе има само две камери, од 48 и 8 мегапиксели, како и TOF сензор.

The Galaxy A70 comes with a far more conventional triple camera system than the A80

Во однос на внатрешните спецификации, A80 и A90 најверојатно нема многу да се разликуваат, но A90 би требало да има помоќен процесор, повеќе RAM и поголема батерија.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.