x

Samsung можеби ќе понуди две големини на Galaxy Note 10

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Април, 2019 од GSM.mk

Откако Samsung претстави три модели на Galaxy S10, се појавија шпекулации дека следниот Galaxy Note 10 ќе биде достапен во две големини.

ETNews објави дека Samsung ќе го претстави Note 10 во две верзии – со дисплеј од 6,28 и 6,75 инчи.

Тоа можеби не звучи како многу голема разлика, но Samsung се обидува да направи што е можно поголем смартфон што нема да наликува на таблет.

Помалата верзија со дисплеј од 6,28 инчи би се нашол некаде меѓу 6,1-инчниот Galaxy S10 и 6,4-инчниот Galaxy S10 Plus, а поголемиот 6,75-инчен модел би бил поблиску до Galaxy S10 5G со „монструозниот“ 6,7-инчен екран.

ETNews додава дека можно е Samsung да ги понуди овие модели во LTE и 5G верзии, што би можело да значи дека ќе има четири верзии на Note 10. Има шпекулации и дека 5G верзијата ќе има четири задни камери.

Samsung ќе го претстави Galaxy Note 10 во август годинава.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.