x

Samsung Note 8 доаѓа во втората половина од 2017-та!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 05 Јануари, 2017 од GSM.mk

И покрај шпекулациите, Samsung ќе продолжи со производство на Note серијата. Јужнокорејската компанија, најверојатно, ќе ги претстави Galaxy S8 и S8 edge во април, а Note 8 доаѓа во втората половина од годината.

Samsung ќе користи 2K резолуција за Galaxy S8, а Note 8 ќе содржи 4K резолуција за подобрување на функциите со виртуална реалност. Освен 4K дисплејот и VR функциите, уредот ќе доаѓа со пенкало и Bixby- нов виртуален асистент, кој компанијата ќе го претстави со Galaxy S8.

Истотака, компанијата планира да ги сподели причините кои доведоа до целото Note 7 фијаско до крајот на овој месец. Според најновите шпекулации, проблемот најверојатно бил во дизајнот на уредот, а не во батериите, како што претходно се шпекулираше.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.