x

Samsung патентираше скенирање на дланки!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 02 Декември, 2017 од GSM.mk

Нашите тела имаат многу делови кои се уникатно формирани - отпечатоци од прсти, ириси, дланки, прсти, лица и слично. Досега, сме виделе различни начини на отклучување на смартфони, користејќи ги нашите тела, но Samsung работи на уште еден таков начин..

Samsung работи на нов начин на отклучување на смартфоните, преку скенирање на дланките. Всушност, разлика е што ваквото скенирање нема да се користи директно за отклучување на уредот, туку како помош на лозинките.


Компанијата ја патентирала новата функција, која ги скенира линиите на дланката на корисникот преку фотографија. Потоа, во случај да е заборавена лозинката, може да ја фотографирате вашата дланка за телефонот да го идентификува својот сопственик. Доколку препознавањето е успешно, уредот ќе ви покаже различни букви од лозинката на линиите од вашата дланка како помош. 

Ви изгледа корисно новата функција на Samsung?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.