x

Samsung прави свитлива смартфон батерија со капацитет до 6.000 милиампер часови

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 07 Јули, 2018 од GSM.mk

Samsung веќе некое време работи на прототип на паметни телефони со флексибилен свитлив екран наречен Galaxy X. Овој модел се очекува да го револуционизира дизајнот во мобилната индустрија.

Инженерите на компанијата продолжуваат да бараат начини да ги елиминираат сите технички пречки и да го забрзаат влегувањето на овој модел на пазарот. Еден од главните проблеми е потребата да се користи нов вид заоблена, свитлива батерија за напојување на смартфонот, објави Tech Radar.

Специјалисти од Samsung SDI создадоа сличен модел на батерија, но нејзиниот капацитет е едвај 210 милиампер часови, што е недоволно.

Новите информации на интернет откриваат дека компанијата сега има функционален прототип со таков дизајн, кој е со моќност од 3.000 до 6.000 милиампер часови. Samsung се надева дека ова ќе биде последната сериозна пречка која ја одложува премиерата на уредот на глобалниот пазар. Се очекува Galaxy X да има 7,3-инчен дисплеј кој се преклопува и се користи како два одделни екрани.

Повеќето аналитичари очекуваат тоа да се случи околу премиерата на Galaxy S10 на почетокот од 2019 година. Импресивниот дизајн, сепак, тешко дека ќе им овозможи на многу луѓе да го купат Galaxy X, бидејќи според првичните информации цената ќе биде околу 1.850 долари.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.