x

Samsung претстави речиси завршен смартофон на виткање со 7.3 инчен дисплеј на CES!

Категорија: Совети Објавено на 13 Јануари, 2018 од GSM.mk

Веќе подолго слушаме за смартфонот на виткање на Samsung, а компанијата кончено реши да претстави речиси завршен прототип од ваквиот телефон на CES..

Компанијата го донела уредот и го претставила на заинтересираните партнери, за време на CES 2018. Samsung има претставено слични смартфони и на други CES настани, но овој пат станува збор за речиси завршен уред. 

Компанијата донела два прототипа, од кој едниот се превиткувал кон внатрешната страна, а другиот кон надворешната страна. Најверојатно, сега за сега ќе се фокусира на уредот кој се превиткува кон внатрешната страна, а другиот ќе го чува за некоја следна генерација смартфони на превиткување. Самиот дисплеј ќе биде огромен, дури 7.3 инчи. 



Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.