x

Samsung претстави телефон на преклопување со најголема бленда на леќата досега видена на смартфон!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 03 Декември, 2017 од GSM.mk

Доколку не знаевте, Samsung сеуште продава телефони на преклопување, кои се достапни само во Азија, бидејќи побарувачката за нив таму е најголема..

Пред неколку дена, Samsung го претстави новиот телефон на преклопување во Кина, познат како Samsung W2018, кој е првиот смартфон кој има бленда на леќа од F1.5. Претходниот рекорд го држеше LG V30 , со отвор од F1.6.

Инаку, W2018 доаѓа со Snapdragon 835, 6GB RAM и 64GB меморија. Има два, 4.2 инчни FHD, екрани со резолуција од 1080 x 1920 пиксели. Камерата е од 12 мегапиксели. 

Доколку ваков уред биде претставен кај нас, би го купиле? 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.