x

Samsung припрема Galaxy J7 (2017) модел со дуален систем камери?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 16 Јули, 2017 од GSM.mk

Иако постојано слушаме дека Samsung планира да произведе свој дуален систем камери, досега не сме виделе ниеден уред од компанијата со секундарна камера на задната страна...

Изгледа дека работите набрзо ќе се променат, бидејќи компанијата припрема дури 4 нови смартфони со дуален систем камери. Започнувајќи со Galaxy C10, C7 2017 и Ј7 (2017) за кинескиот пазар, додавајќи го и Note 8, конечно ќе видиме што може Samsung да понуди во светот на телефоните со дуален систем камери. Деновиве се појавија и слики од нов модел на J7 (2017), на кој се гледа секундарната камера на задната страна. 

За жал, телефонот најверојатно ќе биде достапен само во Кина. Од друга страна, останатиот дел од светот ќе го добие Note 8, што не е воопшто лош компромис. :)

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.