x

Samsung произведе нескршливи OLED екрани за мобилни телефони

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 07 Август, 2018 од GSM.mk

Една од работите кои највеќе ги фрустрираат корисниците на смартфони е премногу лесното кршење на екраните, но тој проблем би можел да стане минато сега откако Samsung произведе нови флексибилни OLED екрани за кои тврди дека се нескршливи.

Новите OLED екрани на јужнокорејскиот гигант добија сертификат од глобалната компанија за сигурносно советување Underwriters Laboratories (UL). Екраните на Samsung повеќепати ги поминаа тестовите за издржливост кои се направени според воени стандарди.

„Нескршливата плоча“, како што ја нарекуваат од Samsung, е развиена со користење на нескршлива подлога наместо традиционално стакло, која е добро прицврстена за пластичната маска. Според информациите кои ги објави UL, плочата успеала да „преживее“ 26 падови од висина од 4 метри и поминала без никакви оштетувања.

„Вграденото пластично стакло е посебно приспособен за преносливи електронски уреди, не само поради неговата карактеристика на нескршливост, туку и поради тврдоста и малата тежина“, рече Хојунг Ким, генералниот менаџер на Samsung.

Откако ги поминаа тестовите од висина од 4 метри, OLED екраните на Samsung беа тестирани и на висина од 6 метри. Дури и по овие тестови тие поминаа без оштетувања. Како дел од тестовите беше и тестот за издржливост на високи температури до 71 степен Целзиусов, како и на ниско до -32 степени.

Засега не е познато кога овие екрани ќе се појават на пазарот. Се претпоставува дека би можеле да ги добиеме најрано следната година, кога Samsung би можел да ги вгради на Samsung S10.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.