x

Samsung произведува смартфони со двоен дисплеј

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 14 Април, 2017 од GSM.mk

Компанијата Samsung годинава планира да произведува смартфони со т.н. dual screen.

Како што пренесуваат странските медиуми, компанијата веќе почнала со производство и планот е да произведе 2.000 до 3.000 вакви уреди во првата половина од 2017 година.

Уредите со двоен дисплеј ќе бидат на склопување и ќе имаат два OLED дисплеи од 5 инчи.

Сличен ваков уред, Mediac WN-05E, досега има направено само јапонската компанија NEC. Наводно, моделот на Samsung во можело да личи на него

„Уредите на склопување привлекоа многу внимание на светскиот пазар во изминативе месеци. Сосема е логично што Samsung Electronics вложува напори во производството на склопливи уреди со двоен дисплеј што ќе бидат премиум производи“, рече анонимен извор од компанијата.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.