x

Samsung работи на 4 телефони со дуален систем камери!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Јули, 2017 од GSM.mk

Веќе се припремивме за Galaxy Note 8, премиум моделот на Samsung кој треба да се појави на крајот од август, но компанијата покрај него спрема уште неколку уреди со дуален систем камери...

Покрај Galaxy Note 8, Samsung произведува уште 4 смартфони од средната класа со дуален систем камери. Најверојатно станува збор за Galaxy C10, специјална верзија на Galaxy J7 (2017) и сега, новиот кандидат, Galaxy C7 (2017). 

Судејќи според минатогодишниот C7, C7 (2017) ќе биде телефон од средната класа, наменет за оние со помал буџет. Сеуште нема никакви информации за неговите спецификации, но повеќе детали очекуваме наскоро. 

Иако најверојатно на почетокот ќе се продава во Јужна Кореја и Кина, можно е понатаму да го видиме и на другите пазари. Би биле заинтересирани?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.