x

Samsung работи на гејмерски смартфон со свитлив екран

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 02 Февруари, 2019 од GSM.mk

Не е тајна дека Samsung планира во блиска иднина да понуди неколку различни модели на смартфони со екрани кои се виткаат. Еден од нив беше претставен на конференцијата за девелопери, а сега се појавија информации за нов, гејмерски смартфон..

Иако е тешко да се открие конечниот дизајн на смартфонот поради заштитната маска, принципот на работа на овој уред беше откриен.

Од внатрешната страна се наоѓа екран кој се витка на средина, додека од надворешната страна се наоѓа дополнителен дисплеј со помали димензии кој служи за поедноставна употреба на уредот, на ист начин како што ги употребуваме мобилните телефони.

Меѓутоа, изгледа дека Samsung нема намера да претстави само еден обичен смартфон со свитлив екран, туку во нивните планови се наоѓа уште еден модел – наменет за гејмерите.

Како што може да се види според рендер фотографиите, гејмерскиот модел ќе може да се витка на две места – на средина и близу до дното на уредот. На долниот дел би се наоѓал тастер сличен на џојпад контролерите. Кога телефонот би се користел како обичен, тастерите би биле скриени во внатрешноста на уредот, а површината на екранот би била нешто поголема.

Постоењето на патент за ваков уред не значи дека тој со сигурност ќе биде употребен, но секако е интересно да се види какви технолошки решенија ни подготвуваат големите компании во иднина.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.