x

Се поголем дел од луѓето ги користат телефоните при возењето

Категорија: Занимливости Објавено на 17 Август, 2019 од GSM.mk

Мобилните уреди во денешно време ги користиме речиси за се: разговарање, занимација, проверување информации онлајн и се останато. Веќе се голем дел од нашиот секојдневен живот и е многу тешко да не посегнеме по нив..

Токму поради тоа, решивме да споделиме една интересна анкета, каде 1424 корисници беа прашани дали го користат телефонот при возење. За жал, само 34% од нив одговорија негативно. Конкретно, прашањето беше: "Дали посегнувате по вашиот телефон при возење?", а можните одговори беа: Многу често, Посегнувам понекогаш и никогаш.

Неодговорното возење постигнува се поголеми пропорции, што луѓето дури имаат проблем да задржат права линија при возење, токму поради пишувањето пораки или разговарањето на телефон. Доказ за проблемот е новиот закон во Грузија, каде луѓето не смеат ниту да посегнат по мобилен уред при возење. 

Па, дали и вие го користите телефонот при возење?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.