x

Се појави прототип на OnePlus 5!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 18 Мај, 2017 од GSM.mk

Уредот на фотографијата, кој наликува на OnePlus 3T со вертикален дуален систем камери, не е OnePlus 5. Па, зашто ви го покажуваме?

Бидејќи, според изворот, станува збор за прототип на OnePlus 5, кој ќе ни даде идеја како би изгледал финалниот производ. 

Гласините укажуваат дека телефонот ќе носи 5.5 инчен дисплеј со резолуција од 1080 x 1920 пиксели. Под хаубата, ќе се наоѓа Snapdragon 835, заедно со 6/8GB RAM и 64/128 GB меморија. 

Двете камери од задната страна ќе бидат 16 мегапикселни, додека пак селфи камерата, истотака, ќе биде со 16 мегапиксели. Скенерот за отпечатоци ќе биде вметнат во Home копчето. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.