x

Се развива целосно нов интернет, првите корисници за 4 до 5 години

Категорија: Занимливости Објавено на 25 Ноември, 2017 од GSM.mk

Ким Дотком, основачот на Megaupload, претстави сериозен проект кој го нарекува идниот „алтернативен интернет”.

Како што вели, со создавањето на „алтернативниот интернет” сака да постигне приватност и слобода на говорот, која со гласањето на новиот закон во САД во демекември, се заканува да му биде одемена на обичниот интернет.

Новиот интернет сака да го изгради како Mega net кој нема да содржи ip адреси, а сè што ќе се наоѓа на него ќе биде неуништливо, шифрирано и невозможно за контролирање.

Ким вели дека сегашниот интернет е премногу корпоративен, а дека новиот ќе биде подобар и ќе работи на основа на капацитетите на стотици милиони мобилни уреди.

„Рушењето на интернет неутралноста само ќе го забрза прифаќањето на новата мрежа”, вели тој и додава дека мрежите и уредите ќе бидат подготвени за четири до пет години.

За потсетување, веста која го вознемири светот е дека постои можност од 14-ти декември интернетот веќе никогаш да не биде ист, бидејќи Американската Федерална Комсиија за комуникации објави дека ќе го укине законот кој им забранува на провајдерите да се вмешуваат во тоа што корисниците гледаат на интернет и колку им е тешко или лесно да дојдат до тие содржини. Сега, провајдерите не можат да и дадат посебен третман на некоја страница. Со новиот закон, ќе овозможат некои страници да се отвораат побрзо, а пристапот кон други може да го наплаќаат дополнително.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.