x

Се што треба да знаете за iOS 10.3 beta!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 26 Јануари, 2017 од GSM.mk

Сеуште сме на почетокот на новата година, а Apple веќе напорно работи и претстави нов update на својот оперативен систем. Денеска беше претставена бета верзија од iOS 10.3, еве се што доаѓа со него!

1. Find my AirPods

Најприметливата функција која доаѓа со новиот update e "Find My AirPods." Како што кажува самото име, Find My AirPods може да ви помогне доколку ги изгубите вашите слушалки. Поради нивниот екстремно мал дизајн, голем број од сопствениците стравуваа од нивно губење. Функцијата е додадена на веќепостоечката Find My iPhone апликација и доколку сакате слушалките да ви се појават на мапата, треба да ви биде упален Bluetooth и да се наоѓате на 5 до 10 метри од нив.

The first iOS 10.3 beta has been released! Here's everything you need to know

2. Подобра комуникација меѓу вработените и клиентите
AppStore е врвниот пазар за мобилни апликации и игри, но сепак недостигаат одредени функции и сервиси кои ги нудат другите компании, како Google Play Store. Вработените во Apple многу малку комуницираа со своите клиенти, но за среќа со iOS 10.3 тоа ќе се промени. Иако сеуште не е додадено, Apple изјави дека вработените директно ќе можат да одговараат на прашањата од своите корисници.

4. Сеуште нема Theater Mode
Една од најочекуваните функции за iOS 10.3 беше Theater Mode - систем со кој можете да додадете потемна тема на вашиот телефон, со цел да биде полесно за гледање за вашите очи. Се зборуваше дека оваа функција ќе се појави со новиот update, но иако сеуште ја нема во бета верзијата, можеби ќе се појави со финалниот update.

What Theater Mode might look like in iOS 10.3

5. Останато
Освен овие поголеми промени, има подобрувања и во Settings менито, iOS сега користи Apple File System и благодарение на CarPlay можете лесно да ги отворите последните три апликации кои сте ги користеле.
Како ви изгледа iOS 10.3 сега за сега?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.