x

Сe што треба да знаете за новиот Xiaomi Mi 11

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 24 Февруари, 2021 од GSM.mk

Xiaomi го претстави својот најнов смартфон – Xiaomi Mi 11 за глобалниот пазар.

Xiaomi Mi 11 пристигнува со 6,81-инчен AMOLED екран, со QHD+ резолуција и 120 Hz освежување на екранот. Предниот панел го штити Gorilla Glass Victus.

Смартфонот пристигнува како прв модел со Qualcomm Snapdragon 888 процесор. Има 8 GB RAM и 128 GB или 256 GB меморија.

Главната камера има 108 MP, ултрашироката камера има 13 MP и 5 MP макро сензор.

Новиот смартфон пристигнува со батерија од 4.600 mAh која поддржува брзо полнење од 55W. 

Погледнете ја рецензијата на Tech Spurt за новиот смартфон:


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.