x

Сe што знаеме досега за новиот Samsung Galaxy S10

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 15 Ноември, 2018 од GSM.mk

Досега можеше да се прочита дека S10 ќе поддржува 5G технологија и ќе има три камери на задниот дел, но колку голем дел од ова е вистина?

Јужнокорејската корпорација неодамна најави дека ќе го прифати трендот кој го започна Apple со нивниот модел iPhone X, односно дека новите модели од серијата Galaxy ќе имаат notch на врвот на екранот.

Со оглед на тоа дека еден од претставените концепт дизајни на новите модели на Infinity екрани беше без notch, се претпоставуваше дека тој ќе биде вграден во Galaxy S10. Но, новите информации велат дека тоа нема да биде случај оваа година.

Судејќи според протечените информации на Twitter корисникот Ice Universe, новите екрани ќе бидат познати под името New Infinity и нема да се појават на пазарот најрано до 2020 година. Тоа значи дека тие нема да бидат достапни со новиот Galaxy S10, бидејќи технологијата која треба да ја имаат овие екрани сѐ уште не е подготвена за масовна употреба.

Поради тоа, Samsung кај моделот Galaxy S10 ќе го користи дизајн решението наречено Infinity O, кој според објавените рендери, има отвор во горниот десен агол од екранот во кој е сместена селфи камера а екранот се протега низ целиот преден дел на телефонот.

Ваквото решение поттикна размислувања дека новиот S10 нема да има сензор за препознавање на лица, а се претпоставува дека стандардниот 3,5-милиметарски отвор за слушалки ќе биде отстранет.

Според досегашните информации, новиот Galaxy S10 ќе им биде достапен на купувачите во три можни конфигурации. Уредот веројатно ќе има една верзија со 4GB RAM и 64GB внатрешна меморија, верзија со 6GB RAM и 64GB внатрешна меморија, како и верзија со 6GB RAM и 128GB внатрешна меморија. Неговата цена се очекува да се движи од 650 до 750 долари.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.