x

Седум опасни апликации кои е подобро веднаш да ги избришете

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 23 Октомври, 2020 од GSM.mk

За многу апликации сметате дека ќе ви го олеснат животот, а всушност се многу опасни, како и за вашиот уред така и за вашата приватност.

Ова се 7 апликации кои не треба да ги имате во вашиот смартфон:

QuickPic Gallery

Оваа апликација во 2018 година беше избришана од Google Play Store бидејќи е откриено дека префрлаат податоци на корисниците на нивните сервери.

ЕS File Explorer

Oва беше една од најпопуларните апликации на времето, но бидејќи имаше сомнителни огласи и реклами ја отстранија од Play Store.

UC Browser

Овој интернер пребарувач беше најпопуларен во Кина и Индија. Не треба да го користите доколку не сакате да ви бидат загрозени вашите лични податоци.

CLEANit

Оваа апликација е наменета да ослободи меморија во вашиот телефон, но прави повеќе штета отколку корист.

DU Battery Saver & Fast Charge

Не постои апликација која може да го забрза времето на полнење на вашиот телефон.

Dolphin Web Browser

Преку оваа апликација може да ве следат на кои локации се движите во секое време.

Fildo

Апликација која служи за нелегално преземање на музика од компанијата Netease. Нејзината намена укажува на тоа дека не е паметно да ја имате во вашиот телефон.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.