x

Селфи камера под екранот: Потенцијално решение за идните смартфони на Samsung

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 23 Март, 2019 од GSM.mk

Сите поголеми компании за смартфони воведоа модели со големи екрани, кои се протегаат од еден до друг крај на телефонот. Поради тоа, потребно е наоѓање на иновативни начини за вметнување на селфи камерата на предната страна..

Смартфоните секогаш имаат простор за напредок, а истото важи и за нивните екрани. Примери за тоа се OLED екранот на iPhone XS или пак Dynamic AMOLED на Samsung Galaxy S10, кои се далеку од совршени и имаат „notch“ или мало дупче на екранот.

Крајната цел на сите производители е да направат екран без никакви изрези, дупчиња или било какви подвижни делови кои ја сокриваат селфи камерата.  Samsung би можела да биде првата компанија на која тоа ѝ успеало. Како што е случајот со сензорот за отпечатоци од прст, Samsung работи на интегрирана селфи камера под екранот која ќе работи на истиот принцип.

Потпретседателот за истражување и развој на Samsung, Јанг Бјунг-дук рече дека новиот Infinity-O Dynamic AMOLED екран претставува големо достигнување во сферата на смартфоните, но дека компанијата работи на екран кој се протега низ целата површина на предниот дел од телефонот, под кој ќе биде сместена вградена селфи камера.

Сепак, тој напоменува дека не треба да го очекуваме ваквиот екран во следната серија на телефони од серијата Galaxy, но можеме да се надеваме дека тој ќе се појави некаде во следните две или три години.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.