x

Sgnl, луд гаџет што го претвора вашиот прст во телефонска слушалка

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 28 Септември, 2016 од GSM.mk

Јужнокорејската компанија Innomdle Lab разви дигитализиран ремен за часовник со чија помош човечката рака се претвора во слушалка, а корисникот разговара на мобилен со едноставен притисок од прстот на увото.

Станува збор за иновативен принцип на работа, ремен наменет за паметни и обични часовници што му овозможува на корисникот да ги спои мобилниот и паметниот часовник, а кога некој ќе го побара едноставно да го притисне копчето на ременот на часовникот и да го стави прстот на уво за да разговара со другата личност. Компанијата покрена кампања на Kickstarter барајќи 50.000 долари за финиширање на производот.


Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.