x

Sharp Aquos Crystal: Телефон без граници на екранот!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 19 Август, 2014 од GSM.mk

Компанијата Sharp е една од водечките кога станува збор за панели и екрани за мобилни телефони, а нивниот најнов уред, Aquos Crystal, е првиот телефон што нема рамки на екранот од горната, како и левата страна...

Веројатно сте ги виделе рекламите на LG, каде што го фали моделот G3 дека поседува тенки рамки на екранот и заради тоа добиваме поголем екран. Кај моделот Aquos Crystal, како што можете да забележите на фотографиите, рамките не постојат!

Телефонот е со должина од 5 инчи и ширина од 2,6 инчи, а тежи 140 грама. На овој простор Sharp инсталираше 5 инчен HD екран со резолуција од 1280 x 720 пиксели, што е апсолутен рекорд засега. Другите компании би можеле да вградат максимално 4,5 инчен екран на истиот простор.

Во внатрешноста се наоѓа Snapdragon 400 quad-core процесор, 1,5GB RAM и простор за складирање на податоци од 8 гигабајти. Телефонот доаѓа со Harman Kardon звучни ефекти, меѓу кои и опциите Clari-Fi, LiveStage и поддршка за ONYX Bluetooth звучници.

Sharp претстави и втор, помоќен модел во истата серија, наречен Aquos Crystal X. 

Овој модел поседува поголем, 5,5 инчен FullHD екран на допир, Snapdragon 801 quad-core процесор кој работи на 2,3GHz и 2GB RAM. Просторот за складирање на податоци е со големина од 32 гигабајти, а засега не знаеме која резолуција е камерата и кога телефоните ќе се најдат во продажба.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.