x

ShatterShield дисплејот на Moto Z2 Force не се крши, но се одлепува

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 08 Февруари, 2018 од GSM.mk

ShatterShield екранот на Moto Z2 Force користи петслоен систем, кој не дозволува AMOLED дисплејот да се крши. Но, поради тоа доаѓа со други проблеми..

Кога уредот беше прво претставен, корисниците се жалеа од гребаници на надворешниот слој од екранот. Сега, се појави уште еден проблем - најгорниот слој од ShatterShield системот на екранот започнува да се одлепува. 

Корисниците кои се жалат од ваквиот проблем, велат дека одлепувањето најчесто се случува околу скенерот за отпечатоци и на аглите од екранот. Една теорија е дека топлината која настанува при полнење на уредот, особено при Moto Mod, предизвикува горниот слој од екранот да почне да се одлепува. 

За среќа, постои решение, но не е бесплатно. Горниот слој од ShatterShield системот е дизајниран да може да се промени, Motorola ја нуди ваквата промена по цена од 49 долари. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.