x

Што доаѓа со iOS 10.3?

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 28 Март, 2017 од GSM.mk

Добри вести! Apple го претстави новиот iOS 10.3 update, кој доаѓа со големи промени!

Прво, сопствениците на Apple AirPods, сега ќе може да ја користат "Find My AirPods" функцијата, со која може да ги најдат изгубените слушалки. Беше претставен и новиот Apple File System (APFS), која доаѓа со оптимизирана меморија и поголема ефикасност.

Siri стана уште попаметна, со SiriKit подобрености, кои му дозволуваат на асистентот да ви помага при плаќања, да ви организира превоз и уште неколку нови звучни команди. Во меѓувреме, беше претставен и watchOS 3.2, кој доаѓа со Theater модот и SiriKit функциите.

Update-тот веќе e достапен за iPhone, iPad, iPod и smart часовниците!

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.