x

Што е подобро: Компјутер или телефон?

Категорија: Забава Објавено на 11 Септември, 2018 од GSM.mk

Во целата историја на технологијата, ништо друго не доминираше со животите на луѓето како што тоа го прават телефоните и компјутерите. Веројатно и оваа статија ја читате на едно од нив, со што само се докажува тврдењето напишано погоре. Но, што е подобро?

Со оглед на околностите кои ги носат животите на луѓето во 21 век, не е лажно да се претпостави дека телефоните и компјутерите се многу важен дел од нив. Како луѓе, сакаме да рангираме работи, па затоа тргнуваме во потрага и по одговор на прашањето: Што е подобро – телефон или компјутер?

Да започнеме со телефонот. Телефоните се помали, покомпактни и многу лесно преносливи било каде. На нив не само што имате можност да разговарате и да праќате пораки, туку имате и камера, пристап до интернет, калкулатор и безброј апликации кои може да ги инсталирате за да не ви биде досадно. Апликациите доаѓаат по ваш избор, што значи дека можете да си одберете што сакате да инсталирате и да оставите телефонот да ве забавува кога нема ништо поинтересно околу вас. Ете, еден поен за мобилниот телефон. Тој навистина знае да се најде кога ни е потребен.

Но што е со компјутерите? Па, најпрво да напоменеме дека постојат два вида: лаптоп и десктоп комјутер. Лаптопот е полесно пренослив, иако не може да го собере во вашиот џеб како што може да го собере телефонот. За разлика од него, десктоп компјутерот е статичен. Еден поен помалку за него.

Што се однесува до можностите, тој ги има скоро сите опции кои ги има телефонот но во поголема мера и многу повеќе работи можат да се прават на него. И да, има луѓе кои многу добро се снаоѓаат со работата на телефон и знаат да направат чуда со него, но сепак компјутерот нуди многу повеќе опции и дозволува побрза работа. Е сега, од компјутерот не можете да се јавите некаде туку-така. Мора да имате некоја апликација како Skype или Slack за да направите повик до некој што сакате да го слушнете или видите. Изводливо е, но далеку повеќе комплицирано.

На крајот од денот, постојат многу разлики помеѓу телефонот и компјутерот што е дури несфатливо како можат да бидат поврзани еден со друг. Изборот е секогаш субјективен, во однос на она што преферира корисникот. Што мислите вие?

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.