x

Што е следно за Pokemon GO?

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 20 Септември, 2016 од GSM.mk

Во последниот период, околу 80% од корисниците на Pokemon GO кои плаќаа во играта, полека исчезнаа и не се појавија пак. Како ќе реагира Niantec, компанијата позади Pokemon GO?

Извршниот директор на компанијата, John Hanke, изјави дека полека планираат да воведуваат нови покемони во играта, од кои одредени ќе бидат многу популарни меѓу корисниците и дури би ги натерале луѓето повторно да ја играат.

Вториот новитет кој се чека е можноста да се борите со други играчи, поточно Pokemon Battles. Со ова, играта би добила поголема мултиплеер димензија и гарантирано би ги заинтересирала изгубените фанови.

Планот е играта да се развива со години, така што немаме конкретна информација кога ќе бидат воведени овие промени.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.