x

Што може да очекуваме од Apple WWDC: iOS 13, watchOS 6, macOS 10.15

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 13 Мај, 2019 од GSM.mk

Откако заврши Google's I/O 2019, време е да се фокусираме на настанот на Apple и уредите кои ќе ги претстави:

Што може да очекуваме од Tim Cook и овогодинешниот WWDC настан? Да погледнеме:

1. iOS 13

What to expect from Apple's WWDC event in June 2019: iOS 13, watchOS 6, macOS 10.15

Според досегашните информации, најголемата промена која ќе доаѓа со iOS 13 е претставувањето на новиот Dark Mood - како што може да се види од самиот постер. Покрај тоа, новиот оперативен систем ќе понуди и промени во неколку апликации, како што се iMessage, Maps, Health, Apple Books и многу повеќе. Истовремено, ќе има и неколку новитети, специјално наменети за iPad таблетите.

2. WatchOS 6

Големите вести за WatchOS 6 се најверојатно дека ќе добие посебна App Store, одвоена од онаа на iOS. Ова ќе им овозможи на Apple Watch корисниците да ги користат уредите без да мора да ги спојат со iPhone.

3. MacOS 10.15

Компјутерскиот оперативен систем на Apple истотака ќе добие неколку промени. Еден од најголемите новитети е што ќе може да се инсталираат iPad апликации и на Mac и на MacBook уредите.

4. Нов хардвер?

Иако нема официјални најави, очекуваме Apple да претстави барем еден нов уред за време на настанот. Се разбира, не очекуваме тоа да биде нов iPhone или iPad.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.