x

Што може да очекуваме од новиот MacBook Pro?

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 07 Септември, 2016 од GSM.mk

Аpple најверојатно работи на нов MacBook Pro, кој треба да излезе наскоро. Со оглед на тоа дека од оној од 2009-та немаат направено големи промени, време е да добиеме нова генерација од овој лаптоп на компанијата.

Business Insider ги собра шпекулациите и протечените инфомации на едно место и пишува што може да очекуваме од новиот MacBook Pro.

Според информациите, ќе има два главни модели, со различни големи на екран, и тоа 13- инчен и 15-инчен. Исто така, ќе бидат потенки од моменталните MacBook Pro модели. 

Во однос на дизајнот, ќе има неколку промени во насока на заоблувањето околу рабовите - дизајнот ќе биде по остар и со поглаток изглед. 

Намесно F копчињата, новиот MacBook Pro ќе има led линија која ќе работи на допир и што ќе им овозможи на корисниците кастамизирање и додавање функции по своја желба. 

Новите лаптопи на Apple ќе имаат USB-C порт, на која ќе може да се приклучуваат надворешни мемориски дискови, екрани и друго. Исто така, преку овој порт ќе може да се полни лаптопот. 

Се предвидува дека лаптопот ќе се отклучува со скенирање на допир, како на iPhone. Oва ќе го направи вклучувањето на лаптопот побрзо, особено ако го правите ова неколкупати на ден.

Најновите Intel процесори ќе бидат вградени во новиот MacBook Pro, а на некои од моделите ќе има вградено и AMD Polaris графичка, за корисниците кои ќе го користат лаптопот за едитирање на фото/видео или играње видео игри.

Во однос на оперативниот систем, ќе го користи новиот macOS Sierra, кој ќе овоможува опции како „слика во слика“, Siri како асистент и др.

Според информации на неколку инсајдери на Apple, новиот MacBook Pro ќе биде претставен во октомври годинава. 

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.