x

Што може да очекуваме од новите најевтини модели на iPhone?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 06 Април, 2021 од GSM.mk

Среде пандемија, Apple лани воведе нова генерација уреди iPhone SE кои внесоа нова и модерна технологија, и хардвер со стариот дизајн, а се покажаа доста популарни меѓу корисниците.

Главната причина за тоа, како и со претходниот модел SE, е цената, бидејќи тоа е најевтиниот модел на iPhone.

Паралелно со новата генерација на iPhone што ќе биде претставена годинава, дизајнерите и инженерите на Apple развиваат и нов модел од SE серијата, кој, според најновите информации, можеме да го очекуваме само во 2022 година.

Она што скоро сигурно ќе ги разочара љубителите на уредите Apple, е тоа што новиот iPhone SE веројатно нема многу да се разликува во дизајнот од ланскиот.

Сè уште треба да има LCD наместо OLED што се користи во новите телефони, со дијагонала од 4,7 инчи.

Исто така, новиот SE нема да има notch, туку камерата ќе биде поставена во горниот дел над екранот, како кај постарите модели. Новина што треба да ја очекуваме, а која дефинитивно треба да се спомене, е поддршката за 5G мрежа.

Значителни промени во моделот iPhone SE можно е да видиме дури во 2023 година, кога се очекува екран од 6,1 инчи, како и предна камера сместена во екранот.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.