x

Што му ја цица батеријата на iPhone 12?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 25 Октомври, 2020 од GSM.mk

Некои од најголемите светски експерти за технологија имаа можност да ги испробаат iPhone 12 и iPhone 12 Pro.

Иако рецензиите се претежно позитивни, никој немаше баш пофални зборови кога станува збор за траењето на батеријата.

Сè уште не сме виделе впечатоци „од прва рака“ за iPhone 12 Pro Max, кој треба да има најдолго траење на батеријата од сите нови модели. Сепак, според објавената сертификација од кинески TENAA, се чини дека ќе има батерија со капацитет од 3.687mAh.

Ова е значително помалку од моделот iPhone 11 Pro Max (има батерија од 3.969 mAh). Точно, не е сè во капацитетот и многу е веројатно Apple да направи оптимизации за батеријата да трае подолго, со помал капацитет.

Друга работа што може да влијае на краткото траење на батеријата е разликата помеѓу 4G и 5G мрежите.

Така, порталот Tom's Guide известува дека двата модели, iPhone 12 и iPhone 12 Pro, биле тестирани кај нив. На двата телефона било испробано сурфање на интернет со осветленост од 150 n и била отворана нова веб-страница на секои 30 секунди.

На 5G мрежата, батеријата на iPhone 12 траела 8 часа и 25 минути, додека на iPhone 12 Pro траењето на батеријата беше 9 часа и 6 минути. Користејќи 4G мрежа, iPhone 12 „траеше“ 10 часа и 23 минути, а iPhone 12 Pro 11 часа и 24 минути.

Овие резултати ни кажуваат дека, со толку кревка батерија, времето поминато на 5G мрежа го намали нејзиното траење за околу 20%.

Уште една интересна работа што можеме да ја видиме од сертификацијата TENAA е дека iPhone 12 Pro Max ќе има 6 GB RAM меморија.

Официјално, никогаш нема да ги видиме вистинските капацитети на батеријата или спецификациите за RAM меморија, бидејќи Apple едноставно не ги споделува тие податоци. Точните податоци ќе ги дознаеме кога некој ќе ги добие уредите и ќе ги расклопи, што обично се случува веднаш откако ќе бидат пуштени во продажба.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.