x

Што најмногу се пребарувало на Google оваа година?

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 12 Декември, 2012 од Христијан Илиески

На најголемиот пребарувач Google, изминатава година се извршени 1,2 трилиони пребарувања на 146 јазици

Google ги објави податоците за 2012, односно листата на најпребарувани поими, вести и личности.

На самиот врв на листата е Whitney Houston, а веднаш по неа се „Gangam Style“, хитот на PSY кој ја има и титулата за најгледано видео на Youtube, а на трето место е ураганот Sandy кој ја погоди источната страна на САД.

Веднаш по ураганот имаме два производи од технологијата, iPad 3 и излегувањето на новата компјутерска игра Diablo III.

Во првите десет се и Kate Middleton, летните олимписки игри во Лондон, 15 годишната Amanda Tod која изврши самоубиство поради злоставување преку интернет, глумецот Michael Clarke и SOPA, законот за борба против пиратеријата во америка.

Топ 10 пребарувања

1. Whitney Houston

2. Gangam Style

3. Hurricane Sandy

4. iPad 3

5. Diablo III

6. Kate Middleton

7. London Olympics Games

8. Amanda Tod

9. Michael Clarke

10. BBB12

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.