x

Што подготвуваат од Samsung за овој септември?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 15 Септември, 2020 од GSM.mk

Во последните неколку недели Samsung претстави многу нови уреди, а сега се подготвуваат за нова презентација.

Како што веќе е познато, во изминатиот период се претставени Galaxy Note 20 Ultra, Note 20, Galaxy Z Fold 2, Galaxy Z Flip 5G, Galaxy Watch 3, два таблета. Новиот настан ќе биде одржан на 23 септември.

Новата виртуелна презентација ќе биде под назив „Galaxy Unpacked for Every Fan“, a Samsung ќе го претстави смартфонот Galaxy S20 Fan Edition за кој се зборува веќе некое време.

Според последните извештаи, овој уред ќе има некои спецификации од стандардниот модел S20, како што се Qualcomm процесор Snapdragon 865 и екран со фреквенција на освежување од 120 Hz, но со помала резолуција. Исто така, овој модел ќе има и пониска цена.

Познато е дека смартфонот ќе биде достапен во црвена, темно сина, розова и зелена боја. Сите детали и цената ќе бидат познати на 23 септември, пишува The Verge. 

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.