x

Што правите за да ви биде компјутерот побавен?

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 12 Ноември, 2017 од GSM.mk

Проблемот со бавното работење на компјутерот и честите проблеми со „закочување“ можеби лежат во вашите лоши навики на користење.

Не користите ажуриран антивирус

Ако посетувате ризични веб-страници и немате инсталирано антивирус, време е да го инсталирате. Исто така, проверете дали вашата заштитна програма е ажурирана навремено. Постојано се појавуваат нови закани.

Инсталирате сѐ и сешто без размислување

Колку пати досега сте инсталирале нова апликација или програма без размислување  и само сте кликале „next“? Голем број корисници на компјутери едноставно ги занемаруваат подмолните понуди што покрај апликацијата што ја сакате инсталираат сѐ и сешто. Обратете внимание на интерактивните ставки при инсталација на програми.

Не користите доволно јаки лозинки

Во случај некој да не ви го кажал ова досега: не ги користете истите лозинки за различни профили и страници. Ако некој хакер сака да стигне до вашите податоци, тоа значи дека со една лозинка може да ви влезат на сите онлајн профили и да ви направат голема штета. Затоа, сменете ги лозинките со нови и појаки и користете password manager.

Не го чистите компјутерот

Кога последен пат сте го отвориле куќиштето на вашиот компјутер? Чистењето прашина и други нечистотии на бројните вентилатори и кулери во куќиштето значително ќе го подобри „здравјето“ на компјутерот. Првиот знак дека „му е подобрена здравствената состојба“ е тоа што ќе работи потивко.

Не проверувате дали имате слободен простор на хард дискот

Ако немате доволно простор на хард дискот, очекувајте огромен пад на перформансите на вашиот компјутер. Деинсталирајте ги сите непотребни програми и спакувајте ги сите документи на надворешни уреди како надворешен бекап диск или USB.

Имате инсталирано неколку антивирусни програми

Овој проблем е почест отколку што мислите, а решението е многу едноставно: одлучете се за еден заштитен пакет и деинсталирајте ги другите. Големи се шансите откако ќе го отстраните вишокот антивируси компјутерот да ви работи многу побрзо.

Не ги „чистите“ вашите онлајн пребарувања

Забавувањето на компјутерот често се должи на тоа дека не ја чистите редовно cache меморијата во вашиот онлајн пребарувач. Секој пребарувач има опција за бришење и процедурата е релативно едноставна.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.