x

Што се може да дознаете од статусите на социјалните мрежи?

Категорија: Занимливости Објавено на 02 Август, 2018 од GSM.mk

Според резултатите од истражување спроведено од шведски научници, од статусите на Facebook можат да се открие дали некој има психопатски карактеристики.

Многу научници досега го проучуваа однесувањето на корисниците на Facebook, нивните профили и статуси, а меѓу последните истражувања се оние спроведени од научници од два универзитети во Шведска.

Истражувањето било наречено „Мрачната страна на Facebook“, а во него биле опфатени повеќе од 300 корисници на најпопуларната социјална мрежа на интернет. Испитаниците првин морале да поминат низ психолошки тест, а потоа научниците ги проучувале нивните статуси.

Резултатите покажале дека личностите со психопатски карактеристики најчесто објавувале негативни статуси, а некои биле поврзани со порнографија. Тие пронашле поврзаност меѓу одредени негативни зборови, фрази и теми кои имаат тенденција да укажуваат на однесување карактеристично на психопатите.

 Научниците биле изненадени што преку истражувањето можеле да ги препознаат само проблематичните и негативните човечки карактеристики, додека имале големи проблеми со поврзувањето на позитивните човечки особини со статусите што се објавуваат на Facebook. Во претходна студија, тим научници од Вирџинија објавија дека можат да ја предвидат психичката состојба на корисниците преку објавените фотографии, така што сигурно е полесно да се откријат позитивните карактеристики на луѓето преку фотографии отколку преку текст.

Алгоритамот што го развиле научниците во Шведска може лесно да се примени и на останатите социјални мрежи, а не само на Facebook, пишува DigitalTrends.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.