x

Што се случува на интернетот во само една секунда?

Категорија: Занимливости Објавено на 05 Декември, 2016 од GSM.mk

Според податоците на Internet Live Stats во секоја секунда Google обработува импресивни 54 илјади прелистувања, што е околу 90 милијарди месечно или 1,2 трилиони годишно.

Сепак не е само Google со толку многу операции. Во секоја секунда, корисниците на Youtube прегледуваат 125.406 видеа, а покрај тоа се праќаат по 2.5 милиони мејлови, од кои дури 67 проценти се спам.

Секоја секунда се објавуваат меѓу 6-7.000 твитови, односно околу 350 илјади секоја минута, што пак доведува до бројка од 500 милиони твитови дневно или околу 200 милијарди годишно.

Корисниците во текот на една секунда објавуваат 729 фотографии на Instagram, прават 2.177 повици на Skype, додека околу 20.000 луѓе ги гледаат постовите на Facebook. Оваа мрежа секоја секунда добива пет нови корисници.

Околу 46 проценти од човештвото односно околу 3,4 милијарди луѓе денес имаат пристап на интернет. Со оглед на тоа дека бројката постојано расте, очекувањата се дека импресивните бројки за операциите што се случуваат на Google, Youtube, Twitter, Facebook и останатите сервиси и мрежи во секоја секунда, и во иднина ќе растат.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.