x

Швајцарците веќе не се на тронот, чии часовници се сега хит?

Категорија: Занимливости Објавено на 12 Февруари, 2018 од GSM.mk

Според компанијата IDC, технолошкиот гигант Apple во последниот квартал од 2017 година испорачал повеќе паметни часовници од оваа компанија, отколку што изнесувала вкупната продажба на швајцарските произведувачи.

Четвртиот квартал од минатата година бил најуспешен квартал за паметните часовници на Apple уште од нивното прво појавување на пазарот.

Директорот за истражување во компанијата IDC, Франциско Жеронимо, пренесува дека Apple со испораките на своите паметни часовници во последниот квартал од минатата година успеал да ја надмине вкупната продажба која ја забележале швајцарските произведувачи на часовници во истиот период.

Компанијата во текот на 2017 година испорачала меѓу 17.4 и 18 милиони паметни часовници, што претставува пораст поголем од 50 отсто во однос на 12 милиони часовници испорачани во текот на 2016 година.

Околу 48 проценти од испораките, ги вклучувале најновите модели на часовници на Apple, а во 52 отсто од продажбите станувало збор за часовници од серијата 2 или постари модели.

Што се однесува до моделите од серијата 3, 13 проценти од потрошувачите го одбрале моделот s LTE, додека 35 отсто од нив одбрале основен модел со GPS и WI-FI.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.