x

Siri наскоро ќе може да препознае со кого разговара

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 21 Август, 2018 од GSM.mk

Голем проблем претставува тоа што звучникот одговара на сечија гласовна команда, па често доаѓа до забуна. За среќа, Apple има план како да ја реши оваа ситуација.

Наскоро гласовниот асистент Siri ќе може да препознава различни гласови, што значи дека ќе ги распознава луѓето со кои разговара.

Apple го разви патентот преку USPTO (United States Patent and Trademark Office), и во него беше детално опишан системот преку кој ќе се профилираат различните корисници за обработка на гласовни пораки.

Судејќи према податоците од новиот патент, Siri ќе може да запамети повеќе кориснички профили и на тој начин да распознава со кого разговара во моментот. Така сите кои го користат уредот ќе имаат посебни профили, што ќе ја олесни работата на уредот кога се работи за пребарување на зачувани податоци.

Новите способности на Siri исто така ќе ја зголемат приватноста на корисниците. Преку Siri набрзо ќе можете да зачувате пораки без страв дека ќе ги прочита некој друг. На тој начин, тајните ќе останат тајни.

Засега не е познато кога ќе се појави надградената верзија на гласовниот асистент, но се очекува да биде достапна до крајот на годината.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.