x

Siri снима и пренесеува сензитивни и интимни информации од Apple корисниците!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 28 Јули, 2019 од GSM.mk

Деновиве се појавија информации за една од "задачите" на Siri кои дефинитивно не им се допаднаа на Apple корисниците..

Според новите информации, Siri собира интимни информации од корисниците и ги споделува со партнер-компаниите на Apple. На сличен начин и Amazon го користи својот персонален асистент Alexa со цел да го подобри разбирањето на човечкиот јазик. Покај Apple и Amazon, и Google прави нешто слично со својот асистент. 

Но, дел од информациите кои Siri ги има испратено се навистина лични - разговори за медицински проблеми, интимни односи и слично. Уште една разлика е што додека Google и Amazon корисниците можат да ја исклучат оваа функција, Apple корисниците немаат избор. 

Apple изјави дека само 1% од дневните активности кои ги снима Siri се пренесувани со цел да се подобрат перфромансите на асистентот. Компанијата додаде и дека секоја информација пренесена од Siri се разгледува само неколку секунди, а потоа е избришана. 

Иако Apple е компанија која е позната по тоа што ја цени приватноста на своите корисници и во однос на горниот случај изјави дека сето тоа е со цел за подобрување на перформансите, сепак дел од корисниците и фановите се скептични и дефинитивно не им се допаѓа ваквото "шпионирање". 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.