x

Сите подобрености кои доаѓаат со iOS 11!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 06 Јуни, 2017 од GSM.mk

Не можеме секогаш да предвидиме какви изненадувања припрема Apple на своите настани, но претставувањето на iOS 11, сигурно знаевме дека ќе се случи. Да погледнеме какви промени нуди оперативниот систем:

Најпрво, Messages. Бидејќи е најпопуларна апликација на iOS, Apple редовно се грижи за нејзино подобрување. Со новиот update, може да разменувате пари со луѓето со кои се допишувате, но под еден услов, доколку и двајцата сте Apple Pay корисници. Друго подобрување е синхронизација при промената на уред. Кога ќе се подновите со нов iOS уред, сета ваша chat историја ќе биде преместена на него.

Siri истотака доби update. Најочигледна промена е во начинот на кој збори. Нејзиниот глас во iOS 11 звучи многу пореално. Како и претходно, постои и машка Siri верзија, која истотака е подобрена. Уште една импресивна вештина на асистентот е што сега може да преведува фрази од други јазици. 

Voice control е прилично кул, но нешто што повеќе би ви користело е редизајнираниот Control Center. Се што треба е да го отворите преку лизгање од доле нагоре, и ќе го видите неговиот нов изглед. 

The iOS 11 Control Center. Buttons support Force Touch, as before

Камерата истотака доби неколку промени. Сега, може да креирате гифови, слични како оние со Boomerang опцијата на Instagram, од вашите Live Photos. Другата е што може да додадавате ефекти на сликите направени со Live Photo. 


Но, постојат и периоди кога не треба да го користите вашиот iPhone- кога возите, на пример. Со iOS 11 доаѓа доста подобрена Do Not Disturb опција, која сама знае кога треба да се активира. Работите кои може да ви одвлечат внимание при возењето автоматски се блокирани, нешто што вашиот уред може сам да го направи благодарение на своите сензори. Истотака, доколку ви стигне порака, телефонот сам враќа одговор да го извести вашиот пријател дека не сте достапни во моментот. Во меѓувреме, Apple maps истотака доби неколку промени. 

iOS 11 knows when you're driving and blocks distractions

Но, една од најголемите промени беше најавена при крајот на претставувањето на iOS 11. Apple Store ќе добие целосен редизајн, што ќе го направи полесен за користење и наоѓање на конкретната апликација која ви е потребна. 

iOS 11 ќе биде достапен во бета верзија за некои корисници уште од денес. Неговата финална верзија ќе се појави на есен. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.