x

Скенерите вметнати во дисплејот работат со заштита, што е проблемот со Note 9?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 13 Март, 2018 од GSM.mk

Бидејќи Samsung изјави дека немало време да смести скенер за отпечатоци во дисплејот кај Galaxy S8, а потоа и во Galaxy S9, сите очекуваат ваквата технологија да ја видиме во Note 9..

За жал, минатата недела аналитичарот Ming-Chi Kuo не информираше дека Note 9 сепак нема да доаѓа со скенер за отпечатоци под дисплејот. Додека повеќето причини зашто ваквата технологија нема да ја видиме во новиот уред ни се познати, она што е ново е дека скенерот не би работел добро со заштита на екранот, барем кај Samsung. Претходно, имавме слушнато дека првиот телефон со ваков скенер, Vivo X20 Plus UD, би имал проблем со заштита над одредена дебелина и не би работел добро. 

Но, заштитата треба да биде многу дебела за скенерот да не работи како што треба. Synaptics, креаторот на технологијата со оптички скенер под дисплејот, вели дека Kuo можеби ги измешал оптичката и ултразвучна технологија кај Note 9, бидејќи Samsung можеби експериментира со двете, покрај редовната капацитивна технологија. 

Како што може да видите од долното видео, скенерот на X20 Plus UD работи добро и при неколку слоја заштита. 



Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.