x

Скриени алатки на Google кои можеби не знаевте дека постојат

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 28 Ноември, 2017 од GSM.mk

Кога се работи за работење на интернет, Google останува кралот на интернет пребарувањата. Со преку 3,5 милијарди пребарувања дневно, Google мора да смисли начин да му овозможи на оној кој пребарува поинтересно искуство и забава.

Од игри, преку скриени кратенки, па сѐ до тајни опции кои ќе ви овозможат полесна работа на интернет, Google има сѐ што ќе посакате, само треба да знаете како да го побарате тоа.

Изговор на броеви на англиски

Доколку не сте сигурни како се изговара некој подолг број на англиски, едноставно впишете го бројот во полето за пребарување и додадете „= English“ и ќе ви се појави изговорот на бројот.

Поставете тајмер

Ви треба тајмер, но немате телефон при рака? Само впишете го времето кое сакате да го измерите (пр. „five minutes“) и додадете „timer“ на крајот и ќе ви се појави тајмерот.

Google Sky

Дали сте фан на астрономија, но немате пристап до телескоп? Само отидете до Google Sky и уживајте во прочучување на соларниот систем од удобноста на вашиот дом.

Atari Breakout игра


Една од неколкуте мини-игри скриени во Google е култната Atari Breakout. Сѐ што треба да направите е да впишете „Atari Breakout“ и да кликнете на сликите за играта да се активира.

Google Arts and Culture

Google Arts and Culture ви овозможува да разгледате низ колекцијата од околу 600 уметнички галерии и музеи ширум светот.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.