x

Следбеникот на Galaxy A8 Plus (2018): Galaxy A90?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 07 Септември, 2018 од GSM.mk

Во последните неколку години, месеци декември и јануари Samsung ги одбираше за најавување на новите уреди во Galaxy A серијата. Токму поради тоа, производството на следбениците на овогиднешните Galaxy A8 и A8+ (2018) е веќе при крај. Еве што знаеме за нив:

Еден од нив деновиве беше сертифициран од FCC. Наведен под бројот SM-A750FN, моделот ќе биде директен следбеник на овогодиншениот Galaxy A8+. Иако не беа споделени повеќе информации за внатрешните спецификации на уредот, дури во јули се појавија бенчмаркинг резултати од него, кои открија дека ќе доаѓа со Exynos 7885 процесор и 4GB RAM. Истотака, ќе работи на Android 8.0 Oreo.

Поради раното појавување на FCC, изгледа дека Samsung ќе ги претстави новите уреди во Galaxy A серијата порано од обично. Нивното претставување го очекуваме во ноември, со почеток на продажба во декември - токму на време за празниците.

Интересно е што името на уредот изгледа ќе биде Galaxy A90, наместо очигледното Galaxy A8+ (2019). Останува да видиме. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.