x

Следбеникот на iPhone X ќе биде најскапиот Apple смартфон досега!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 15 Април, 2018 од GSM.mk

Според новите информации, овогодинешните iPhone уреди ќе бидат поскапи од било кога..

Најновиот Аpple смартфон, iPhone X, има почетна цена од 999 долари. Но, компанијата планира да ја зголеми оваа цена уште повеќе, вклучувајќи поголем дисплеј кај следбеникот на iPhone X, чија почетна цена ќе биде 1100 долари. Тоа значи дека различните верзии од уредот ќе чинат и повеќе од тоа, околу 1200-1300 долари. 

Покрај овие уреди, Apple планира да претстави и малку поевтини смартфони, следбеници на iPhone SE, кои повторно ќе имаат повисоки цени, овој пат од 300 долари. 

Од крајот на 2010 година, Apple постојано ја зголемува просечната продажна цена на iPhone линијата, почнувајќи од 670 до речиси 800 долари. Оваа година, компанијата повторно ќе ја зголеми просечната продажна цена, најверојатно околу 900 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.